Дома Фудбал Манчестер сити може да добие засилување од 80 милиони евра од Барселона!

Манчестер сити може да добие засилување од 80 милиони евра од Барселона!

Каталонскиот гигант Барселона би можел ова лето да биде доста активен на трансфер-пазарот, по најновите информации дека Манчестер Сити планира да понуди дури 80 милиони евра за еден од нивните истакнати играчи.

Во Барселона се надеваат дека конечно ќе го решат прашањето со финансискиот фер-плеј, што би им отворило врата за безгрижно доведување на нови засилувања без потреба од големи промени во составот на тимот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова би значело дека клубот може да регистрира нови играчи без да ги продава своите ѕвезди, но сепак се шушка дека некои од првотимците би можеле да бидат продадени за да се соберат средства за долгоочекуваното засилување во нападот, со Јулијан Алварез како прва цел.

Атлетико Мадрид нема намера да го пушти Аргентинецот под цена од 100 милиони евра, поради што Барселона треба да пронајде начин да го обезбеди потребниот капитал за трансферот.

Во клубот посериозно размислуваат за продажба на Дани Олмо, бидејќи Пеп Гвардиола сериозно е заинтересиран овој играч да го види во дресот на Манчестер Сити.

Според информациите, Сити е подготвен да плати 80 милиони евра за Олмо, а Барселона сериозно разгледува да го прифати деловниот предлог.

Овие средства би биле од огромно значење за Барселона во летниот трансфер период, особено откако Ханси Флик му даде поддршка на овој потег.

Флик е уверен дека може да го замени шпанскиот репрезентативец со играчи кои веќе се дел од тимот и дека заминувањето на Олмо нема значително да влијае на нивната игра.

Главната мисија е да се надминат проблемите со нападот, бидејќи Роберт Левандовски и Феран Торес оваа сезона не ги исполнија очекувањата.

Без разлика на што ќе се случи, се чини дека Манчестер Сити е подготвен да испрати понуда за Олмо, а не би било чудно ако овој фудбалер заврши на Етихад по Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ликвидиран млад фудбалер во напад на автобус: Се враќале од натпревар кога напаѓачите пукале во возилото

Доминик Фримпонг (20), фудбалер на Берекум Челси од Премиер лигата на Гана, беше убиен за …