
Барселона неодамна му го предложи нов договор на Роберт Левандовски, но не можеа ни да претпостават каков пресврт им следеше од полскиот напаѓач.
Добро е познато дека Левандовски има договор со Барселона до крајот на сезоната и неколкупати потенцираше дека сака да остане и дека нема намера да премине во друг клуб.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Дури се шпекулираше дека искусниот голгетер би можел да заврши со кариерата доколку не добие продолжување на соработката, бидејќи не е расположен за преселба од Барселона каде што неговото семејство вистински ужива.
Во Барселона решија да му понудат нов договор на Левандовски за уште една сезона, во која тој веројатно би бил резервна опција на напаѓачката линија.
Каталонците беа уверени дека Левандовски без двоумење ќе ја прифати понудата, бидејќи самиот зборуваше за тоа колку сака да остане, но она што го направи Полјакот беше сосема неочекувано.
Имено, се појавија информации дека Лева е во преговори и со други клубови, а меѓу нив особено се истакнува Милан.
Станува збор за Милан, кој е во потрага по вистински напаѓач, а најголемо изненадување за Каталонците беше веста дека Левандовски самиот контактирал со Златан Ибрахимовиќ и се понудил на „росонерите“.
Изданието Gazzetta dello Sport известува дека Левандовски е подготвен да премине во Милан, но „росонерите“ не можат да му понудат плата која ја очекува. Милан е исклучително заинтересиран за Лева и прават сѐ што е во нивна моќ за да постигнат договор.
❗️Robert Lewandowski has offered himself to AC Milan.
— Barça Universal (@BarcaUniversal) April 10, 2026
They are very interested, but would offer him a contract with a low salary.
— @Gazzetta_it pic.twitter.com/9ZyUqtt3cp
Барселона за целата ситуација дозна дури откако му понуди нов договор на Левандовски, и затоа потегот на полскиот напаѓач ги изненади.
Иако Левандовски инсистира на тоа дека сака да остане во Барселона, многумина сметаат дека не му одговара улогата на резерва, додека пак во Милан би бил прв избор за напаѓач.
Ова би можело да ја направи разликата кога станува збор за Левандовски и се чини дека не е невозможно тој да заврши на „Сан Сиро“.
Таков исход најверојатно би го променил статусот на Феран Торес, за кого се шпекулира дека Барселона планира да го продаде летово.
Целта на Барса е да донесе нов напаѓач, а прв избор им е Хулијан Алварез. Сепак, ако Левандовски замине, тогаш Феран можеби ќе остане и ќе биде резервна опција на нападот, како што беше случај последните неколку сезони.