Дома Фудбал Миовски со два гола донесе голема радост за Ренџерс (Видео)

Миовски со два гола донесе голема радост за Ренџерс (Видео)

Ренџерс славеше убедлива победа од 6-3 против Фалкирк во 33. коло од шкотскиот шампионат, а во центарот на вниманието беше македонскиот напаѓач Бојан Миовски со два погодоци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домашните отворија одлично и преку Броџио и Јеитс поведоа со 2-0 до средината на првото полувреме. Ренџерс сепак се врати пред паузата, кога Чуквуани намали на 1-2.

Во вториот дел Миовски доби шанса од клупата и веднаш остави силен впечаток. „Сините“ за кратко време направија целосен пресврт со головите на Шермити, Раскин и токму македонскиот репрезентативец.

Фалкирк преку Милер од пенал повторно се доближи, но Ренџерс брзо ја врати контролата – Шермити зголеми на 5-3, а Миовски со својот втор погодок го постави конечниот резултат и ја завери победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aргентина се намачи со Швајцарија и победи со играч повеќе дури по продолженија! (Видео)

Аргентина обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство откако триумфираше над Шва…