Дома Фудбал Се претвора ли сезоната за Арсенал во кошмар? Бормут го освои „Емирати“! (Видео)

Се претвора ли сезоната за Арсенал во кошмар? Бормут го освои „Емирати“! (Видео)

Репрезентативната пауза очигледно не му донесе ништо добро на Арсенал, кој денес се соочи со вториот голем пораз во Англија во рок од само една седмица.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред само седум дена, Топчиите беа елиминирани од ФА Купот од страна на понизок ранг тим Сандерленд, додека денес на домашен терен загубија од Борнмут во 32. коло на Премиер лигата.

Борнмут обезбеди важна победа на „Емирати“ со резултат 2:1, давајќи можност на Манчестер Сити да му се приближи на водечкиот Арсенал на само шест бодови разлика, доколку утре успее да го совлада Челси. Сити би имал и еден натпревар помалку, со што борбата за титулата во Англија би останала отворена до самиот крај.

Борнмут поведе мечот во 17. минута со гол на Крупи, Арсенал израмни благодарение на пеналот изведен од Ѓокереш во 35. минута, а конечната победа за Борнмут ја обезбеди Скот во 74. минута по одлична акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ на ТВ, го обвинуваат за расизам (Видео)

Аналитичарот и поранешен фудбалер Раде Богдановиќ, во живо на емисијата на РТС посветена н…