Дома Фудбал Трагичарот на Италија си ја отвори душата: Сакав да пропаднам во земја!

Трагичарот на Италија си ја отвори душата: Сакав да пропаднам во земја!

Напаѓачот на Интер, Пио Еспозито, се осврна на промашениот пенал во финалето од баражот, каде што Италија загуби од БиХ и не успеа да се квалификува за Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во интервју за „Corriere della Sera“, дваесетгодишниот напаѓач ги сподели своите искуства од тешките моменти по промашениот пенал во Зеница, пред да се осврне на разочарувањето од неуспехот на Италија во квалификациите:

„Гледав во една точка без да можам да разберам што точно се случи; чувството беше како да сум изгубен, сакав да пропаднам во земја. Првата мисла беше дека сум ги разочарал соиграчите, луѓето дома, пријателите и семејството. Сепак, повторно би шутирал пенали. Некои ќе ги погодам, а некои не. Тој ден бев уверен да ја преземам одговорноста и да шутирам прв, чувствував сигурност, но нешто тргна наопаку“, изјави еден од трагичарите на италијанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко се врати од Англија во Барселона: Доби големо „ДА“ од одличен напаѓач

Спортскиот директор на Барселона, Деко, престојуваше во Лондон, каде што имаше средба со а…