Дома Фудбал Скриен стадион во прекрасен град: Не требаше да биде изграден, a денес се соочува со предизвици (Видео)

Скриен стадион во прекрасен град: Не требаше да биде изграден, a денес се соочува со предизвици (Видео)

Европа е позната по современите стадиони, но и по оние кои имаат свои посебни приказни. Сепак, и надвор од границите на Стариот континент можеме да најдеме уникатни стадиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во Јужна Америка, во градот Санта Марта во Колумбија, се крие стадион кој има една од најтешките приказни во светот, а најверојатно е стадион за кој ретко кој слушнал.

Санта Марта е пристанишен град на брегот на Карипското Море во северна Колумбија. Тој е главен град на департманот Магдалена и е четврти по големина урбан град во карипскиот регион на Колумбија, по Баранкиља, Картахена и Соледад.

Во овој град се играат домашните натпревари на колумбискиот второлигашки клуб Унион Магдалена, кој стана познат затоа што своите домашни натпревари ги игра на еден од најинтересните стадиони во светот.

Имено, стадионот „Сиера Невада“ во Санта Марта е посебен по многу нешта.

Ретко кој слушнал за овој стадион, а изграден е во 2017 година и има капацитет од 16.000 гледачи.

Одлуката за изградба на нов стадион за градот Санта Марта ја донесе градоначалникот Рафаел Мартинез.

Сместен во близина на колумбиската карипска обала, овој стадион нуди живописна глетка со поглед на планините. Неговиот модерен дизајн со кружни платформи и живи бои на седиштата му даваат особен идентитет.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Војна и во фудбалот: Голем дел од делгацијата на Иран не доби визи за влез во САД!

Соединетите Американски Држави одбија да издадат визи на дел од стручниот и административн…