
По неуспешните квалификации за Светското првенство, репрезентацијата на Италија чекори низ турбулентен период, без трајно решение за селекторската позиција.
Со заминувањето на Ѓенаро Гатузо, Фудбалската федерација на Италија се обидува да ангажира нов селектор, ама процесот воопшто не е едноставен.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Контактите со истакнати тренери одат бавно и неуспешно, па затоа младинскиот селектор Силвио Балдини доби задача да ја води „А“ репрезентацијата на пријателските натпревари против Луксембург (3 јуни) и Грција (7 јуни).
Со својата младинска екипа, Балдини обезбеди учество на Европското првенство следната година во Србија и Албанија како најдобрата втора селекција во квалификациите.
Поради врзаноста со младинската репрезентација, речиси е сигурно дека Балдини нема да биде избран за постојан селектор на првиот тим.
Италија до есен ќе го започне новиот циклус на Лига нации, што ја обврзува до тогаш да реши кој ќе ја води репрезентацијата во иднина.