
Реал Мадрид повторно не успеа да победи, и по третпат последователно не оствари триумф, а по поразите од Мајорка и Баерн Минхен, Гирона успеа да извлече бод од “Сантијаго Бернабеу”, што ѝ дава на Барселона шанса да ја преземе контролата во трката за титулата.
Сепак, овие случувања не поминале мирно, бидејќи во Реал Мадрид се огорчени на судиите. Алваро Арбелоа изрази незадоволство од одлуката на ВАР, кој, според него, направил грешка што не интервенирал за пенал над Килијан Мбапе.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“Тоа беше чист пенал поради прекршок над Мбапе, без никаква дилема. Не можам да разберам зошто ВАР не се вмеша. Ситуацијата беше сосема јасна. ВАР реагира кога им одговара, а кога не им е погодно, молчат. Имавме многу вакви ситуации оваа сезона”, рече Арбелоа.
Тој исто така одговори на прашањето дали трката за титулата е завршена.
“Ќе се бориме до последното коло. Ние сме Реал Мадрид и мораме да се бориме до крај и да веруваме во пресврт”, нагласи Арбелоа.
🗣️ RMTV: “РЕАЛ МАДРИД не може да игра слабо, но ПРОТИВНИКОТ може да игра слабо во оваа ЛИГА НЕГРЕЈРА, потоа си одат во Европа и ги победува Бајерн со 8, од понижување до понижување.”
— (фан) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) 10 април 2026
РЕАЛ МАДРИД Е УМОРЕН ОД ОВАА ЛИГА 🤢🤢🤢 pic.twitter.com/kQrWYc5y7X