
Вториот светски тенисер, Јаник Синер, се избори за своето трето полуфинале на мастерс турнирот во Монте Карло, откако по го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:3, 6:4 во четвртфиналниот дуел кој траеше еден и пол час.
Синер пристигна на Азурниот брег по фантастичната американска турнеја каде што ги освои мастерсите во Индијан Велс и Мајами, и си постави задача за првпат во кариерата да го освои и Монте Карло.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Веќе во вториот гем од првиот сет Синер имаше шанса за брејк, но Канаѓанецот ги одби двата напади на неговиот ривал. Сепак, во шестиот гем немаше спас и благодарение на тоа, Јаник поведе со 1:0 во сетови.
На средината од вториот сет, малку недостасуваше натпреварот да се приближи кон изедначување, но Оже-Алијасим не ја искористи шансата за брејк, што Синер успешно направи три гема подоцна и го отвори патот кон победата.
Во полуфиналето, вториот светски тенисер ќе се соочи со Александар Зверев, кој денес, по напорна борба, го победи Жоао Фонсека. Синер ќе го следи и патот на одбранителот на трофејот Карлос Алкараз.
Шпанецот нешто подоцна игра против Бублик и се наоѓа во опасност да го загуби тронот, доколку биде елиминиран пред финалето.
Ќе потсетиме во вчерашниот меч, Италијанецот првппат по 37 освоени сета во низа и 185 дена загуби сет против Махач во мечот кој го доби со 2-0, но денеска повторно се врати на највисоко ниво.