Дома Фудбал Реал Мадрид го сака Родри, но има и еден услов за трансферот

Реал Мадрид го сака Родри, но има и еден услов за трансферот

Раководството на Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата околу Родри, но во овој момент не е подготвено да влезе во трансфер кој би значел огромни финансиски трошоци.

Според најновите информации, мадридскиот клуб нема намера да плаќа „луди пари“ за шпанскиот репрезентативец, иако тој важи за еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Од „Сантијаго Бернабеу“ јасно порачуваат дека евентуалниот трансфер ќе зависи исклучиво од условите и можноста да се реализира зделка која би се сметала за поволна.

Во клубот го гледаат Родри како идеално засилување, но само доколку трансферот се отвори како вистинска пазарна можност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сасуоло со шест промени по дебаклот, Фиорентина не го менува тимот

Двата тима чекаат лигашка победа веќе пет натпревари. Аквилани прави голема реконструкција…