Дома Фудбал Радикален потег на навивачите на Ливерпул – почнуваат протест!

Радикален потег на навивачите на Ливерпул – почнуваат протест!

Навивачите на Ливерпул донесоа радикална одлука во знак на протест против зголемувањето на цените на билетите, објавувајќи дека повеќе нема да ги истакнуваат своите знамиња на трибината „Коп“.

Одлуката доаѓа по натпреварот против ПСЖ, а истата претставува јасна порака до раководството на клубот дека навивачите не се согласуваат со актуелната ценовна политика.

Во официјалното соопштение, фановите истакнуваат дека традицијата на „Коп“ – позната по својата атмосфера и визуелен идентитет – ќе биде ставена во мирување сè додека не се направат конкретни промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сасуоло со шест промени по дебаклот, Фиорентина не го менува тимот

Двата тима чекаат лигашка победа веќе пет натпревари. Аквилани прави голема реконструкција…