Дома Фудбал Добри вести за Артета, важен играч повторно во тимот

Добри вести за Артета, важен играч повторно во тимот

Еберечи Езе, играчот од средината на теренот на Арсенал, се врати на тренинзи со Топчиите пред саботниот натпревар на домашен терен против Борнмут во англиската Премиер лига.

Дваесет и седумгодишниот Англичанец ги пропушти последните три натпревари на тимот на Микел Артета поради повреда на листот. За тоа време, неговиот тим го загуби финалето на Лига купот од Манчестер Сити со резултат 0:2 и беше елиминиран од ФА купот од Саутемптон со 1:2.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Играчот-плејмејкер на лондонскиот тим се повлече и од кампот на англиската репрезентација кон крајот на март, а во четвртокот првпат тренираше со екипата по повеќе од три недели, известува “Скај спорт”. Капитенот Мартин Одегар, напаѓачот Букајо Сака, како и дефанзивците Рикардо Калафиори и Јуријен Тимбер, го пропуштија последниот тренинг поради различни повреди.

Арсенал е лидер во англиската елита со 70 бодови, а со победа против Борнмут би ја зголемил предноста на 12 бодови пред второпласираниот Манчестер Сити, кој во недела му гостува на Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона подготвува жалба поради судењето против Атлетико

Барселона подготвува жалба до Европската фудбалска унија (УЕФА) поради „судиски грешки“ на…