Дома Фудбал „Марка“: Ѕвездата на Реал Мадрид го допре дното

„Марка“: Ѕвездата на Реал Мадрид го допре дното

Дани Карвахал поминува низ многу комплицирани недели во Реал. Тоа се мрачни денови во кои се соочил со реалноста на која не е навикнат: губењето на значењето во тимот. Неговото трпение е доведено до крајни граници, а силниот карактер што го покажуваше во соблекувалната почна да бледнее. Накратко, стана деморализиран, пишува „Марка“ во текст со наслов „Карвахал го допре дното“.

Тежината на последните повреди, кои вклучуваа две операции на коленото во една година, и зголемената конкуренција на неговата позиција, прво преку така наречената „Феде формула“, а сега со доаѓањето на Трент Александер-Арнолд, го оддалечија од почетниот состав. Веќе не е недопирлив, а неговото влијание во тимот се намалува, што го потврдија последните два натпревара кои ги гледаше од клупата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ситуацијата не е лесна за прифаќање, особено за капитенот, играчот со извонредно натпреварувачки дух и легенда на клубот кој од враќањето во Мадрид во 2013 година цврсто ја држеше својата позиција без вистинска конкуренција.

Сега, за првпат по тешката повреда на коленото минатата сезона, неговата изведба е доведена во прашање. Карвахал не се согласува со таквата спортска проценка и е фрустриран што не добива шанса континуирано да се врати на своето највисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Планот на Милан, со кој сака да го добие Леон Горецка

Германскиот репрезентативец Леон Горецка продолжува да се поврзува со трансфер и во Милан,…