Дома Моторспорт Тешка несреќа пред ВРЦ-спектаклот во Хрватска (ВИДЕО)

Тешка несреќа пред ВРЦ-спектаклот во Хрватска (ВИДЕО)

Неколку дена пред „WRC Croatia Rally“, кој започнува во Хрватска овој четврток, се случи сериозна несреќа при тестирањето. Возачот на автомобилот во категорија WRC3 го уништи својот Форд Фиеста, а автомобилот поради силниот удар остана без тркала. И покрај вознемирувачките сцени, возачот помина без повреди.

Несреќата се случи во една кривина, а возилото претрпе огромна штета. Фотографии од оштетеното возило брзо се проширија меѓу љубителите на релито, а на нив се гледа како од силниот удар на автомобилот се откорнале тркалата. За среќа, возачот преживеа и излезе без последици од несреќата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Скандал во Формула 1: Тимот на Вилијамс излезе со ретро дизајн на возило на 11-ти септември со контроверзна поврзаност со семејството Бин Ладен

Овој викенд во Мадрид се одржува Големата награда на Шпанија, а вчерашните тренинзи на еки…