Дома Фудбал Навивачите на Барселона го уништија автобусот на Атлетико (Видео)

Навивачите на Барселона го уништија автобусот на Атлетико (Видео)

Атлетико Мадрид ја изненади Барселона и ја победи со 0:2 на гости во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона остана со играч помалку во 44. минута, откако Пау Кубарси доби црвен картон. Атлетико ја искористи предноста на еден играч повеќе за да стекне голема предност пред реваншот на стадионот „Ванда Метрополитано“ следната недела.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Стрелци на синоќешниот натпревар беа Хулијан Алварез и Александар Сорлот. Пред натпреварот, навивачите на Барселона го каменуваа автобусот на Атлетико, а мадридскиот клуб ги објави фотографиите од скршените прозорци на социјалните мрежи. „Еј, НАСА, имаме фотографии од темната страна на Месечината,“ стои во објавата на Атлетико.

Фото: Атлетико де Мадрид/Facebook

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…