Дома Фудбал Од најскапиот во историјата до комплетно промашување: Живее на стара слава…

Од најскапиот во историјата до комплетно промашување: Живее на стара слава…

Во еден од четвртфиналните дуели на Лигата на шампионите вечерва се сретнаа ПСЖ и Ливерпул, а домаќинот лесно дојде до победа (2:0).

Актуелниот европски првак немаше многу проблеми во дуелот со Редс, па дојде до сигурна победа, иако според сè прикажаното, тоа можеше да биде и поубедливо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ливерпул немаше ниту еден удар во рамката на голот на ПСЖ, па ќе му треба вистинско чудо ако сака да ги елиминира Парижаните во реваншот.

Многу критики и по натпреварот во Париз, а огласи се и стручниот коментатор, некогашниот стопер на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд. Некогашниот англиски репрезентативец го критикуваше стоперот на Ливерпул Виргил ван Дајк.

„Луѓето ќе се вознемират поради ова, но не ми е гајле – Ван Дајк живее од репутацијата што ја изгради пред неколку години. Вечерва тоа беше јасно видливо. Кога ПСЖ го зголеми интензитетот, не изгледаше како лидер… тој изгледаше како слабост во тимот”, изјави Фердинанд и додаде:

„Постојано слушаме ‘светска класа’, врз основа на што? Аурата? Јас не видов доминација, видов колебање. Вдов дефанзивец кој повеќе не сака да биде изложен на ситуации еден на еден.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити и Јунајтед во битка за фудбалер од 115 милиони евра!

Нотингем Форест се чини дека е подготвен за летен трансфер на својата ѕвезда, играчот на с…