Дома Ракомет Вардар прави планови за следната сезона – добива три големи засилувања!?

Вардар прави планови за следната сезона – добива три големи засилувања!?

Вардар веќе активно работи на составот за наредната сезона, а според најавите, фокусот е ставен на засилување на бековските позиции.

„Црвено-црните“ наводно го следат десниот бек Мохаб Абделхак од германски Кил, ракометар висок 194 сантиметри, кој во кариерата има настапувано и за Ал-Ахли и Ним. Покрај него, на радарот на Вардар е и белорускиот лев бек Уладзислау Кулеш од Мелсунген, зад кого стои искуство од клубови како Хановер, Виве Кјелце и Минск.

Како дополнување на ростерот, скопскиот тим размислува и за ангажман на македонскиот репрезентативец Марко Стојковиќ, кој моментално настапува за Алкалоид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Без Митревски, Томовски ја презема главната улога на стартот кон ЕП 2028

Мартин Томовски влегува во репрезентативната недела со силна бундеслигашка форма. Македони…