Дома Фудбал Тренерот на Реал Мадрид бесен на судијата по поразот од Баерн Минхен

Тренерот на Реал Мадрид бесен на судијата по поразот од Баерн Минхен

Поразот на Реал од 1:2 од Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите предизвика бурни реакции, а особено незадоволен беше тренерот на мадридскиот тим Алваро Арбелоа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По натпреварот не ја криеше фрустрацијата поради одлуките на судијата, сметајќи дека Баерн требаше да остане со играч помалку.

„Не разбирам зошто играчот на Баерн не беше исклучен за прекршокот над Мбапе. Тоа се одлуки што е тешко да се разберат’, рече Арбелоа.

Станува збор за ситуација каде Џонатан Тах стартуваше кон Мбапе и притоа со копачката му го зафати зглобот. Иако стартот беше непријатен, судијата покажа само жолт картон.

Додека Тах избегна исклучување, Реал остана без важен играч за реваншот. Орелиан Чуамени доби жолт картон, што значи и суспензија за следниот натпревар.

‘Не разбирам ниту што Чуамени доби жолт картон. Сега е суспендиран и мораме да најдеме решение. Тоа е голема загуба поради одлуката на судијата, но веруваме во нашите замени’, додаде Арбелоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разоткривање: се подготвува трансфер на Осимен уште сега

Се чини дека Виктор Осимен се обидува да го напушти Галатасарај поради друг клуб. Ова го о…