Дома Фудбал Подвиг за неверување: Хари Кејн запиша историја на Бернабеу (Видео)

Подвиг за неверување: Хари Кејн запиша историја на Бернабеу (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен триумфираа против Реал Мадрид на Сантиаго Бернабеу со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првиот гол за Баерн го постигна Луис Дијаз во 41-та минута, а на самиот почеток на второто полувреме, одличниот Хари Кејн ја зголеми предноста за Баварците.

Англичанецот на тој начин испиша нова страница на историјата и ја разбил бизарната клетва. Ова му беше 51-виот гол во најелитното европско натпреварување, а интересниот факт е дека ова е неговиот прв погодок постигнат надвор од шеснаесетникот.

Неверојатно е што прави Кејн оваа сезона, досега постигнувајќи 49 погодоци на сите натпреварувања, што е повеќе од бројот на одиграни натпревари.

Ова беше неговиот 11-ти гол во Лигата на шампиони оваа година, а повеќе од него има само Килијан Мбапе со 14. Очигледно е дека двајцата се во борба за титулата најдобар стрелец на ЛШ. Со оглед дека Баерн е на добар пат да го елиминира Реал, не е изненадувачко ако Кејн успее да го престигне Французинот до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ја декласира Шкендија за крај на сезоната! (Видео)

Македонскиот шампион Вардар ја декласира Шкендија со 3-0 во последното коло од Првата маке…