Дома Фудбал Бивш играч на Луческу: Не ми дозволи да одам на погребот на мајка ми…

Бивш играч на Луческу: Не ми дозволи да одам на погребот на мајка ми…

Здравствената состојба на славниот романски тренер Мирча Луческу е сè уште критична откако на почетокот на месецот доживеа срцев удар. Новите прегледи покажаа многу знаци на исхемичен мозочен удар и белодробна тромбоемболија, соопшти Универзитетската ургентна болница во Букурешт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Пациентот ќе остане под строг надзор на мултидисциплинарен тим”, стои во изјавата на болницата. Лекарите разгледуваат можноста за вградување на ЕЦМО системот, уред кој може да ги поддржи функциите на срцето и белите дробови во критични ситуации, а одлуката за таа интервенција ќе биде донесена во договор со семејството. Поради тешките срцеви проблеми, аблацискиот зафат во моментов не може да се изврши, додека евентуалната трансплантација на срце би била извонредно сложен зафат.

Во меѓувреме, романскиот тренер беше контактиран и од еден од неговите поранешни играчи, мексиканскиот напаѓач Нери Кастилјо. “Ми е драго што сега твојот син е покрај тебе во овие тешки моменти. Мене не ми дозволи да ја видам мајка ми кога падна во кома, ниту пак да одам на нејзиниот погреб и да се простам. И покрај тоа, се надевам дека ќе се рехабилитираш брзо”, објави Мексиканецот на својот Instagram профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звездата на Англија се разболe пред четвртфиналето со Норвешка

Англиската репрезентација се соочува со здравствени предизвици пред четвртфиналниот дуел н…