Дома Фудбал Најверниот војник на Гвардиола го напушта Манчестер Сити по девет години

Најверниот војник на Гвардиола го напушта Манчестер Сити по девет години

Капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот на крајот од тековната сезона, потврди помошниот тренер на англискиот шампион, Пеп Лијндерс.

На португалскиот играч од средниот ред договорот му истекува на крајот од сезоната 2025/26, а според зборовите на Лијндерс, 31-годишниот фудбалер не покажал намера да ја продолжи соработката со клубот во кој помина девет години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лијндерс, кој го водеше тимот на натпреварот против Ливерпул по суспензијата на Пеп Гвардиола, истакна дека Силва е „уникатен“ и „незаменлив“ играч.

– Бернардо Силва е уникатен по начинот на кој ги контролира натпреварите, како се движи и како го води тимот. Секоја добра приказна има свој крај и се надевам дека ќе има достоен пречек, зашто тој заслужува сета почит – изјави Лијндерс за медиумите по победата на Сити над Ливерпул (4:0) во четвртфиналето на ФА Купот.

Силва пристигна во Манчестер Сити во 2017 година од Монако за 43,5 милиони фунти. За време на неговиот деветгодишен престој на „Етихад“, одигра повеќе од 450 натпревари, станувајќи играч со најмногу одиграни натпревари под тренерската палка на Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изјавата на Бејл за Модриќ е хит: Многумина мислеа дека е премал…

Гарет Бејл гостуваше во шоуто “The Overlap’s Stick to Football”, каде шт…