Дома Фудбал Неверојатна фудбалска приказна: Двапати ја прекинуваше кариерата, му се закануваа по живот, а сега оди на Светското првенство

Неверојатна фудбалска приказна: Двапати ја прекинуваше кариерата, му се закануваа по живот, а сега оди на Светското првенство

Фудбалот е тој што често пишува животни приказни кои до некаде се и нереални, но и создава тивки херои на кои судбината им одредува да се појават под рефлекторите на големата сцена.

Светското првенство ова лето во САД, Канада и Мексико можеби ќе биде и турнир со најмногу приказни кои заслужуваат филмски минути.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Една од нив е и приказната за 38-годишниот голман Џони Пласиде, инаку капитен и голман на репрезентацијата на Хаити.

Хаити неочекувано помина низ квалификациите на Конкакаф и стигна на Светското првенство, а ждребот ги смести во група со Бразил, Шкотска и Мароко.

Голем ќе биде овој предизвик за оваа земја, чиј народ барем малку ќе ги заборави ужасите, криминалот и тешките услови на живот кои владеат на Хаити.

Иако не е во “40” друштво со Џеко, Модриќ и Кристијано Роналдо, Пласиде ќе биде еден од најстарите учесници на Светското првенство кога станува збор за фудбалерите. Зад него стои неверојатна кариера и животна приказна.

За Хаити има запишано 79 настапи, а започна да брани во 2011 година, откако реши да ја смени репрезентацијата, бидејќи во младинските категории редовно бранеше за помладите селекции на Франција.

Сепак, во сениорскиот состав реши да брани за Хаити, од каде што потекнуваат неговите родители.

Беше многу талентиран голман во дресот на Ле Авр, а потоа бранеше за Ремс, кога дојдоа и првите проблеми.

Во зима 2017 година го напушта Ремс и има долга пауза од шест месеци без клуб, па решава да ја прекине кариерата.

Но, неговата одлука многу брзо се промени со поканата од Генгам, за кој бранеше една сезона, а потоа се пресели во англискиот Олдам Атлетик.

И во Олдам беше една сезона кога по вторпат ја прекина кариерата и тогаш изгледаше дека е крај, но овој пат на враќање чекаше една година и во 2019 година оди во бугарскиот тим Царско село преку еден менаџер кој соработуваше со клубовите на Балканот.

Во Бугарија се задржа две години и во 2021 година се врати во Франција во тимот Бастија каде конечно најде мир и веќе петта сезона брани за овој француски клуб.

Сите случувања на Хаити влијаеја и на него, па дури му се закануваа и со смрт по прекинот на кариерата сметајќи дека ја остава репрезентацијата на цедило. Не е единствениот репрезентативец на Хаити кој доживеа опасни моменти во животот.

Пласид денес е голман кој една турбулентна, тешка кариера ќе ја круниса на најдобар можен начин, а тоа e настапот со својата репрезентација на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ испрати понуда од 55 милиони евра за ѕвездата на Барселона, па пристигна (не)очекуван одговор од Лапорта

Париз Сен-Жермен направи конкретен чекор на трансфер пазарот со испраќање на понуда за игр…