Дома Фудбал Алегри откри дали е подготвен да го напушти Милан за да ја преземе Италија

Алегри откри дали е подготвен да го напушти Милан за да ја преземе Италија

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, увери дека неговата цел е да го води тимот во Лигата на шампионите следната сезона, а не да ја преземе Италија, како што се појавија гласини по оставката на досегашниот селектор Џенаро Гатузо.

Тој, исто така, откри дека сите напаѓачи на „росонерите“ се во добра состојба пред клучното гостување кај Наполи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Разочаран сум што националниот тим не се квалификуваше на Светското првенство, но според мене, треба да ја искористиме оваа ситуација како можност за раст. Неопходна е стратешка визија за следните 10 години. Зошто не успеавме три пати по ред? Да правиме проценки и да кажуваме што требаше да сториме… Мислам дека одговорните органи треба да се соберат и да ги преиспитаат насоките, од активностите на локално ниво до првиот тим. Не може да се сведе сè на 10 минути. Сметам дека треба да го одвоиме потребното време за да развиеме план и да имаме единствен фокус и идеи за да се подготвиме за Мундијал 2030 на најдобар можен начин. Имаме неколку добри играчи во Италија и верувам дека иднината е во добри раце.

Гласините дека можам да бидам следниот селектор? Минатата година започнав проект во Милан и треба да останеме фокусирани на нашата цел: враќање во Лигата на шампионите. Повторувам, не се работи за тренерот, туку за одговорните органи кои треба да оценат што е потребно да се направи од сега до 2030 година. Засега не сум размислувал дали во иднина би сакал да станам селектор на Италија. Сум во Милан и сум среќен, се надевам дека ќе останам тука долго време. Започнавме со целта да се вратиме во Лигата на шампионите, која е фантастичен турнир. Потребно е повторно да се навикнам на неа, бидејќи последните години не сум учествувал таму. Би сакал да играм на турнирот со Милан. Националниот тим не зависи од Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…