Дома Фудбал Драма за Колумбиецот: Родригез веќе неколку дена лежи во болница – еве што вели медицинскиот извештај

Драма за Колумбиецот: Родригез веќе неколку дена лежи во болница – еве што вели медицинскиот извештај

Капитенот на репрезентацијата на Колумбија Хамес Родригез (34) по натпреварот со Франција се наоѓа во болница поради тешка дехидратација на организмот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската федерација на Колумбија објави во петок дека Родригез успешно се опоравува откако пред неколку дена бил хоспитализиран во Минесота, каде што инаку игра за местниот Јунајтед.

Според Колумбијците, последните 72 часа Родригез беше под надзор на лекари бидејќи ден по мечот со Франција доживеал состојба што не била поврзана со неговите спортски активности.

Федерацијата објасни дека ситуацијата „не е поврзана со повреди на мускулно-скелетниот систем ниту е поврзана со неговите фудбалски активности“, и истакна дека хоспитализацијата беше превентивна и заради рехабилитација, со цел стабилизација на играчот и обезбедување на неговата рехабилитација.

„Најновиот лекарски извештај укажува дека Родригез покажува позитивен напредок и постојано подобрување, што донесе олеснување како за репрезентацијата, така и за навивачите“, изјави Федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинскиот репрезентативец: Размислував да се откажам, но кога ја видов сопругата да раѓа се мотивирав да продолжам напред

Централниот дефанзивец на Аргентина Лисандро Мартинес призна дека имал мисли за откажување…