
Едно лице загина, а 47 беа повредени за време на собирањето на навивачите на јужната трибина на стадионот Алехандро Вилануева во Лима, во пресрет на фудбалското дерби меѓу Универзитарио де Депортес и Алијанса Лима, објавија властите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Инцидентот се случи вчера околу 18 часот за време на собирањето на навивачите познато како „бандеразо“, кога поддржувачите на Алијанса Лима мавтаа со знамиња на стадионот познат како Матуте, во општината Ла Викторија, пренесе порталот „Инфобае“.
Според првите извештаи, дојде до уривање на структурата во близина на портата 13, но бригадирот Маркос Пахуелo од противпожарната служба негираше дека трибината претрпела структурни оштетувања.
Според него, најверојатно станува збор за инцидент предизвикан од туркање меѓу навивачите што довело до гужва.
.NEW: Wall collapse injures at least 60 during Alianza Lima gathering at Alejandro Villanueva Stadium in Lima, Peru ahead of match vs Universitario.pic.twitter.com/YVLayJfElv
— Resist Wire (@ResistWire) April 4, 2026