
Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро во емисијата „Sky Calcio Unplugged“ без задршка зборуваше за новиот тежок удар за италијанскиот фудбал, не бирајќи зборови за да ја опише длабочината на кризата. Италијанците трети пат по ред доживеаја неуспех во обидот за пласман на светското првенство, што предизвика лавина критики во јавноста.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Бевме огромна сила. За жал, сега преовладуваат негативни чувства, тага, гнев, разочарување и неверување. Првиот пат беше шок, вториот пат беше ноќна мора, а ова трето е веќе срамно и неоправдано“, остро реагираше Дел Пиеро.
Дел Пиеро смета дека проблемот не може да се сведе на неколку имиња и дека е бесмислено да се бараат поединечни виновници. “Не е важно кој е виновен, Гатузо, Буфон или Гравина. Треба да се преиспита сè што стои зад тоа, а не само претседателот на сојузот.
Видовме дека многу заостануваме, не само зад нашите стандарди, туку и зад другите кои знаеја како да почнат од почеток. На пример, Франција и Германија имаа храброст да одберат одреден пат,” порача тој.