Дома Останати Објавена снимка со апсењето на Тајгер Вудс (Видео)

Објавена снимка со апсењето на Тајгер Вудс (Видео)

Спортската јавност е во шок по објавувањето на снимките од полициските камери кои го прикажуваат апсењето на голф иконата, Тајгер Вудс (50). Инцидентот се случил на Јупитер Ајленд откако Вудс, обидувајќи се да престигне камион, предизвикал судар во кој неговиот теренец се превртел.

Иако поминал без посериозни повреди, познатиот голфер завршил со лисици на рацете. Видно збунет од ситуацијата, Вудс одбил алкотестирање и соработка, што довело до пријави за возење под дејство на опијати и предизвикување несреќа.

Снимките јасно го бележат моментот на шокот на некогашниот број еден додека полицијата го приведува на местото на несреќата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Наковски без загубен сет оди на дуел со Газели, Младост го сопре шампионот

Наковски волеј и Газели ќе се сретнат во следното коло како единствени непоразени екипи. М…