Дома Фудбал Енцо Фернандез го „запали“ Лондон поради Реал Мадрид

Енцо Фернандез го „запали“ Лондон поради Реал Мадрид

Енцо Фернандес ја „запали“ јавноста откако отворено изјави дека би сакал да живее во Шпанија, поточно во Мадрид.

Изминативе месеци се пишуваше дека Реал го „мерка“ Аргентинецот, но конкретни чекори не беа преземени. Изгледа дека играчот од средниот ред сакал да го направи првиот потег, што не наиде на одобрување во Челси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според британскиот „Телеграф“, Фернандес сега е под лупа од навивачите на „Сините“ поради својата изјава.

Би сакал да живеам во Мадрид. Прекрасен е градот, ме потсетува на Буенос Аирес“, изјави Аргентинецот гостувајќи во SpiderCARP подкастот.

На сето тоа, тој не беше јасен ни за својата иднина во Лондон.

Не знам, не знам. Имаме уште осум натпревари во првенството и ФА купот. Доаѓа Светското првенство, а потоа ќе видиме…“, рече Фернандес за аргентинскиот „ЕСПН“.

Поради тоа, му пристигна одговор од легендата на Челси Џон Оби Микел.

Ова е Челси, а не отскочна даска за друг тим. Ако твоето срце веќе е во Мадрид, не би требало да го носиш синиот дрес. Во Челси игравме за грбот, а не за идниот трансфер“, рече Нигериецот во својот подкаст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…