Дома Фудбал Еден од најважните фудбалери на Шкендија ја заврши сезоната поради повреда

Еден од најважните фудбалери на Шкендија ја заврши сезоната поради повреда

Еден од клучните фудбалери на Шкендија, Решат Рамадани, заработи сериозна повреда на натпреварот меѓу Македонија и Ирска и ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Клубот потврди дека станува збор за скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено, поради што играчот ќе мора да биде подложен на оперативен зафат. Повредата се случила на дуелот во Даблин, а лекарските прегледи покажале дека закрепнувањето ќе трае неколку месеци.

Ова е голем удар за Шкендија, која до крајот на сезоната ќе биде без еден од своите најважни играчи.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тадиќ и НЕК Најмеген извлекоа бод против Ајакс

Душан Тадиќ и неговиот тим НЕК Најмеген успеаја да извлечат реми против Ајакс во Амстердам…