Дома Фудбал Легендарниот Буфон поднесе оставка по елиминацијата на Италија од БиХ

Легендарниот Буфон поднесе оставка по елиминацијата на Италија од БиХ

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, шефот на делегацијата на италијанската репрезентација, поднесе оставка по неуспехот на Азурите против Босна и Херцеговина.

Буфон објави соопштение, откако и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија Габриеле Гравина исто така се повлече од позицијата, по елиминацијата на „Билино Поле“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да поднесам оставка веднаш по завршувањето на натпреварот против Босна беше итна одлука што произлезе од длабочината на моето срце. Спонтана како солзите и болката во срцето кои знам дека ги споделувам со сите вас. Бев замолен да почекам за да можат сите да носат правилни заклучоци. Сега кога претседателот Гравина одлучи да направи чекор назад, чувствувам слобода да го направам она што го сметам за чин на одговорност, бидејќи, иако сум уверен дека изградивме многу во однос на духот и заедништвото со Рино Гатузо и сите соработници во краткото време кое го имаше репрезентацијата, нашиот главен цел беше да ја вратиме Италија на Светското првенство. И не успеавме”, пишува Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда на Интер го напушта клубот за 21 милион евра!

Според италијанските медиуми, Џузепе Марота алфа и омега на Интер веќе почнал да ги склопу…