Дома Останати Ракомет Стоилов за првпат ќе работи како главен тренер, седна на клупата на Бутел!

Стоилов за првпат ќе работи како главен тренер, седна на клупата на Бутел!

Легендарниот Стојанче Стоилов од лето ќе го преземе кормилото на Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони и ќе го замени Горан Кузманоски, кој заминува по крајот на оваа сезона.

Стоилов, кој во моментов е дел од стручниот штаб во сениорската машка репрезентација, по работата во Вардар, во Бутел ќе го има првиот ангажман како прв стратег

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да се посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил ростерот со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона – пласман во плеј-офот, само со македонски ракометари, изјави Стоилов на прес-конференцијата.

Претседателот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски, исто така истакна задоволдство по потписот на договорот.

„Баравме идеално и квалитетно решение за клупата на Бутел Скопје. Имавме краток состанок со Стоилов и веднаш се договоривме. Станува збор за легенда не само во македонскиот ракомет, туку и пошироко. Со него ќе добиеме и на квалитет и на искуство на клупата, а во ростерот и натаму ќе имаме млади македонски играчи. Амбициите ни се високи, па затоа се договоривме за соработка на две сезони. Mу даваме одврзани раце на Стоилов околу формирање на ростерот, а ние како раководство ќе се потрудиме да му обезбедиме максимални услови за работа“, изјави Спасовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Апел од Охрид до навивачите: Немојте да ги провоцирате Грците!

Ракометарите на Охрид ја забележаа победата на гостувањето кај Олимпијакос со 31-25 во Ати…