Дома Фудбал Франција на Мундијалот ќе мора да игра и против две „проклетства“

Франција на Мундијалот ќе мора да игра и против две „проклетства“

Француската репрезентација, предводена од Килијан Мбапе и преполна со играчи од светска класа, без сомнение е еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство 2026 година. Сепак, тимот на Дидие Дешан мора да се соочи со две историски пречки кои ги следат фаворитите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако ги престигнаа Шпанија и го презедоа првото место на ранг-листата на ФИФА, Французите го потврдија статусот на еден од главните кандидати за титулата. Но, историјата не е на нивна страна. Откога постои ФИФА-листата, ниту една репрезентација што пристигнала на турнирот како водечка во светот не успеала да го освои Мундијалот.

Иако звучи апсурдно, статусот на најдобри во светот често се покажува како пречка на патот до освојувањето на Светскиот куп. Французите во својот состав го имаат и Осман Дембеле, актуелниот освојувач на Златната топка. Тука е и второто проклетство: во повеќе од 70 години од постоењето на таа награда, ниту еден тим со актуелен добитник никогаш не го кренал трофејот на светскиот првак.

Тој тренд не успеаја да го прекинат ниту најголемите фудбалски ѕвезди. Лионел Меси и Кристијано Роналдо доминираа во изборот за Златната топка повеќе од 15 години, но ниту една од нивните репрезентации не го освои Светското првенство додека ја држеа таа титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…