Дома Фудбал Му ја „украде“ жената на соиграчот, а потоа го погоди голема трагедија: Неговиот син настрада во тешка сообраќајка

Му ја „украде“ жената на соиграчот, а потоа го погоди голема трагедија: Неговиот син настрада во тешка сообраќајка

Михаел Балак ќе биде запаметен како еден од најголемите губитници во историјата на фудбалот, а неговиот живот го следеа многу скандали, како и огромна трагедија.

На големата сцена излезе во дресот на Бајер Леверкузен, а потоа остави длабок траг и во Баерн од Минхен и Челзи, како и во германската репрезентација, но колку и да играше добро, го следеше несреќа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На почетокот на неговата кариера, во 2001 година, Балак имаше сезона за заборав кога со Леверкузен во самодве недели изгуби финале на германскиот Куп, Лига на шампиони, како и титула во Бундеслигаи тоа во последните моменти.

Премина во Баерн каде што доминираше на домашната сцена, но во Европа не направи поголем резултат, за во Челзи уште еднаш да изгуби финале на Лига на шампиони, овој пат во 2008 година и тоа од Манчестер Јунајтед.

Титулата“најголем губитник”во светот на фудбалот ја заработи и преку резултатите во германската репрезентација со која беше поразен во финалето на Светското, а потоа и Европското првенство. Исто така, загуби и во полуфиналето на Светското првенство 2006 година од Италија и тоа пред своите навивачи бидејќи Германија беше домаќин на турнирот.

На теренот остана запаметен по неуспесите, а надвор од него по – скандалите! Од поранешниот соиграч Кристијан Лел му ја украде жената со која спиеше, а овој го обвини дека уништува туѓи животи и дека тоа не му е прв пат.

– Балак влегува во приватните животи на другите и ги уништува, без да мисли за тоа. Ако е капитен на Германија, мисли дека може да прави што сака – рече тогаш Лел.

По многу скандали, на Балак му се случи и голема трагедија. Неговиот син Емилио загина во страшна несреќа. Имаше само 18 години, беше во Португалија на одмор и го загубил животот возејќи квад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал гневно реагира на скандирањата: Да се потсмеваш на религијата те прави неук и расистички настроен

Ѕвездата на Шпанија и Барселона, Ламин Јамал, ја изрази својата позиција на социјалните мр…