Дома Останати Ракомет Охрид го претстави најголемото засилување: Целта е титула!

Охрид го претстави најголемото засилување: Целта е титула!

ГРК Охрид продолжува со амбициозно градење на тимот за следната сезона, откако клубот го потврди ангажманот на унгарскиот репрезентативец Доминик Мате. Станува збор за второ засилување на охриѓани, а воедно и едно од најзвучните имиња кое досега пристигнало во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мате, кој денес го одбележува својот 27. роденден, е ракометар висок 202 сантиметри и игра на позицијата десен бек. Во новата сезона ќе настапува со дресот со број 23. Во Охрид доаѓа од норвешкиот Елверум, тим кој е лидер во домашното првенство и редовен учесник на европската сцена.

Зад себе има богата кариера, настапувајќи за реномирани европски клубови како ПСЖ и Киелце, како и за унгарски Балатон. Воедно, Мате е стандарден дел од унгарската репрезентација, со бројни настапи на големите меѓународни натпреварувања.

Во својата прва изјава по потписот, ракометарот не го криеше задоволството од новиот предизвик. Посочи дека проектот на клубот го убедил веднаш и изрази желба да даде значаен придонес во борбата за титулата, но и за што подобри резултати на европската сцена.

Потсетување, претходно Охрид го претстави и хрватскиот голман Дино Славиќ како прво засилување за наредната сезона, што јасно укажува на високите амбиции на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонска голманка се откажа од ракометот на 20 години: Понекогаш не одлучуваат само квалитетот, работата и желбата…

Македонската ракометна голманка Матеа Чурлиновска, иако има само 20 години, преку емотивна…