
Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста добро, малку се шансите да остане на „Камп ноу”.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Причините се многубројни, но главно од финансиска природа, бидејќи Ал Хилал нема да дозволи еднострано раскинување на договорот, додека Барселона не е подготвена да потроши пари за неговиот трансфер.
По победата на Португалија над САД, Кансело зборуваше за медиумите и тогаш ги отвори вратите за враќање во Бенфика.
„Веќе заработив повеќе од што некогаш можев да замислам, а освоив бројни трофеи. Сепак, играњето за Бенфика е како играњето кошарка – тоа се прави од љубов. Подготвен сум да прифатам и намалување на платата за да можам повторно да играм за тој клуб“, рече Кансело.
Се знае дека Кансело беше подготвен да игра и за значително помала плата во Барселона, но проблем може да биде спомнатиот трансфер.
Чекаме разврска, знаеме дека сигурно нема да биде во плановите на Симоне Инзаги и дека Ал Хилал ќе се обиде да извлече нешто пари.