Дома Фудбал Донарума како да бараше „жртва“ – сакаше да се тепа во Зеница (Видео)

Донарума како да бараше „жртва“ – сакаше да се тепа во Зеница (Видео)

Италија трет пат по ред нема да учествува на Светското првенство. Овој пат, на Мундијалот ќе има поголем број на репрезентации, но Италија не успеа да се избори за своето место. Босна и Херцеговина беше подобра по пенал серијата.

Наместо да се соочи со разочарувањето заедно со своите соиграчи, италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, по завршувањето на пеналите, направи обид да предизвика расправија со противничкиот тим од Босна и Херцеговина. Донарума беше нервозен и за време на целиот натпревар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Судијата Клемен Турпан можеби пропушти да го исклучи во моментот кога Донарума се обиде да удри противник со глава, но тој инцидент го виде целиот свет.

По завршувањето на натпреварот, Донарума беше видно разлутен и се обиде да започне расправија. Неговите соиграчи долго време го смируваа, пред на крајот да се повлече во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ги изгуби нервите, па „настрада“ камерманот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Хрватска загуби со 1-3 од Бразил во пријателски натпревар ко…