Филипе Кутињо и Антоан Гризман беа најголеми кандидати за следното засилување на Барселона, но тешко е да се очекува дека некој од нив би можел да пристигна во јануари на „Камп Ноу“.
Сепак, како што јавуваат каталонските медиуми Барселона веќе договорила големо засилување за јануари, а станува збор за Месут Озил.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Германскиот репрезентативец не го продолжи договорот со Арсенал кој му истекува на лето, па беше сигурно дека ќе го напушти „Емирати“.
Каталонските медиуми тврдат дека Барса веќе го договорила трансферот и Озил ќе пристигне на „Камп Ноу“ во јануари. Наводно Каталонците за неговиот потпис ќе платат 20 милиони евра, а Германецот ќе потпише 3 и пол годишен договор.
Одлична вест е и тоа дека Озил ќе може да игра во Лигата на шампиони за Барселона.