Дома Фудбал Гатузо во солзи: Се извинувам што не успеавме да одиме на СП

Гатузо во солзи: Се извинувам што не успеавме да одиме на СП

ЏЕНАРО ГАТУЗО, со солзи во очите, застана пред микрофоните на РАИ откако срдечно ги прегрна сите играчи по болниот пораз. “Нашите момци не заслужија ваква судбина, со оглед на нивната игра, труд и љубов кон дресот. Имавме три шанси за гол. Жал ми е, но ова е фудбалот. Горд сум на моите играчи. Овој Светски куп ни беше потребен на сите, на нас, на нашите семејства, на цела Италија и на нашиот фудбал. Ова е тежок удар кој сè уште тешко ќе го преболиме”, рече италијанскиот селектор.

Овие случувања следуваа откако Италија загуби во Зеница од Босна и Херцеговина по изведувањето на пенали во натпреварот чија награда беше квалификација на СП (1:1, 4:1). Предност стекнаа со голот на Моjс Кин во 15-та минута, но Харис Табаковиќ ја врати надежта на домаќините со израмнувачкиот гол. Откако до крајот резултатот не се промени, следуваа пенали, каде што Франческо Пио Еспозито и Брајан Кристанте не успеаја да погодат, додека босанските играчи беа точни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италија играше со играч помалку од 41-та минута откако Алесандро Бастони беше исклучен.

Гордост и покрај поразот

Иако некои судиски одлуки предизвикаа контроверзии, Гатузо одлучи да не зборува за нив веднаш.

“Не сакам да расправам за судијата. Фудбалот е таков, понекогаш славиш, понекогаш примаш удари. Но, тимот ме импресионира со тоа што го покажа на теренот. Години наназад не сме виделе репрезентација со вакво срце. Имавме можност да постигнеме втор гол, но тоа сега не значи ништо. Секогаш се чини дека може повеќе, но денес го направивме тоа што требаше. Детали ни пресудија, направивме грешки, како исклучувањето, но тимот даде сè од себе.”

Извинување и неизвесна иднина

Гатузо ја презеде одговорноста за неуспехот.

“Се извинувам што не успеав да ја однесам Италија на Светското првенство. Ќе ми треба време да го преболам овој удар, кој е многу тежок за мене. Мојата иднина? Сега не е време да зборуваме за тоа, но ме боли, многу ми е жал.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ги изгуби нервите, па „настрада“ камерманот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Хрватска загуби со 1-3 од Бразил во пријателски натпревар ко…