Дома Фудбал УЕФА се огласи со објаснување: Звезда не е казнета поради православната кореографија

УЕФА се огласи со објаснување: Звезда не е казнета поради православната кореографија

Иако минатите денови се зборуваше дека УЕФАја казнила Црвена звезда поради кореографијата со Свети Симеон, Европскиот дом на фудбалот ја негираше оваа информација.

Разочарани фудбалски навивачи низ цела Србија ја означија фудбалската конфедерација како лицемерна и антихристијанска, но реалноста е поинаква. Имено ниту една казна изречена на некогашниот европски шампион не е за наведената кореографија на северната трибина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наместо тоа, санкциите за Црвено-белите се однесуваат на блокирање на патеките на трибините (28.000 евра), користење пиротехнички средства (17.000 евра) и фрлање предмети на теренот (10.500 евра), како и поради порака што го нарушува угледот на фудбалот и организацијата (40.000 евра).

Таа порака нема врска со кореографијата на „Делии“, туку со транспарентот „F*ck UEFA“ кој се појави на стадионот „Рајко Митиќ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија со нова формација ќе излезе против Ирска! (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе го игра дуелот со Ирска, со почеток во 20…