Дома Фудбал За скандалот си шпиунирањето на Босанците се огласија и од Рим: Еве што велат!

За скандалот си шпиунирањето на Босанците се огласија и од Рим: Еве што велат!

Атмосферата се загрева пред најважниот натпревар на деценијата во Зеница помеѓу Босна и Херцеговина и Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Босна и Херцеговина повторно се наоѓа на прагот на Светското првенство. „Змејовите“ ги делат само 90 минути од настап во САД, Канада и Мексико, но ќе се соочат со исклучително искусна и квалитетна репрезентација како Италија.

Во Зеница ова ќе биде значаен меч, а на ваквите пресметки секогаш им претходат интересни вести кои често немаат поврзаност со фудбалот, но го зголемуваат тензиите.

Порталот „Кликс“ забележа италијански војник на тренинг во Бутмир, каде се наоѓа тренинг центарот на ФК Сараево, близу НАТО штаб. Војникот го набљудуваше отворениот дел од тренингот, кој траеше 15 минути, но одлучи да остане подолго и се фотографира со мобилен телефон.

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина поднесе жалба до мисијата на Еуфор. Официјален Рим, односно Министерството за одбрана на Италија, објасни дека нема шпионажа, туку само љубопитност од страна на нивниот војник. Според нив, војникот се движел околу нивната воена база без да знае дека вакви активности се забранети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус и Челзи во битка за унгарскиот талент

Јувентус и Челзи покажуваат сериозен интерес кон унгарскиот тинејџер Бендеги Ковач, но нег…