Дома Фудбал Ваква сцена не се памети: 50.000 навивачи натераа Нагелсман да внесе во игра еден човек!

Ваква сцена не се памети: 50.000 навивачи натераа Нагелсман да внесе во игра еден човек!

Во пријателски натпревар, Германија ја совлада Гана со резултат од 2:1, а победата за Германците ја донесе напаѓачот на Штутгарт, Дениз Ундав, кој постигна гол во 88-та минута. Неговото име беше скандирано од целиот стадион, при што навивачите буквално го натераа селекторот Јулијан Нагелсман да го внесе на теренот уште на полувремето.

Дениз Ундав не е првиот избор за напаѓач на Јулијан Нагелсман во германскиот тим. Ник Волтемајде е оној кој за сега ја има предноста, но до Светското првенство сето тоа би можело да се промени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во победата над Гана, Ундав постигна гол кој ја донесе конечната победа, а неговото име беше скандирано од 50.000 навивачи на стадионот во Штутгарт.

Во текот на првото полувреме од трибините се слушна скандирањето: „Дениз Ундав“.

Овие сцени донесоа насмевки на германската клупа. Ундав се крена и ги поздрави навивачите кои очигледно го обожуваат.

Секако, не треба да се заборави дека натпреварот се одигра на стадионот на Штутгарт, клубот каде што игра, но и покрај тоа, во текот на неделата доби огромна поддршка од навивачи од сите делови на Германија.

Многумина сметаат дека Ундав мора да стане првата опција за Нагелсман. Сепак, сега Волтемаде има предност и ќе видиме што ќе се случи до Светското првенство.

Нагелсман и претходно ја истакнуваше вредноста на Ундав, но јасно нагласуваше дека на крајот одлуката е само негова.

Ваквите настапи и поддршката од навивачите би можеле да променат многу во хиерархијата на нападот на Германија. Селекторот многу добро го следи пулсот на јавноста, а јасно е дека Ундав стана еден од националните миленици.

Атмосферата во Штутгарт против Гана нè потсети на минатото, кога Германија секогаш имаше познат напаѓач околу кој сè се врти.

Навивачите во Ундав ја видоа битката, играч кој не се откажува од ниту една топка и носи посебна емоција што ја пренесува со самиот влез на теренот. Така многумина веруваат дека тој би можел да биде x-факторот на следниот голем натпревар.

До Светското првенство има уште време, но со овој настап Ундав испрати јасна порака. Ако продолжи во истото темпо, ќе биде тешко да се игнорира.

Неговите успеси во клубот и репрезентацијата, како и овациите кои ги добива низ цела Германија, го туркаат кон статус на редовен стартер. Наредните натпревари можат да бидат одлучувачки за тоа дали од миленик на трибините ќе стане и незаобиколен дел на првата постава на „Елфот“.

29-годишниот напаѓач од курдско потекло дебитираше за Германија во 2024 година. Тој има одиграно седум натпревари и постигнато четири гола

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Зерби официјално е третиот тренер на Тотенхем од почетокот на сезоната

Тотенхем официјално го назначи Роберто Де Зерби како нов тренер на тимот. Договорот на Ита…