Дома Фудбал Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но Македонија двапати ја спречила да игра на големи натпреварувања!

Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но Македонија двапати ја спречила да игра на големи натпреварувања!

Иако традицијата вели дека Ирците имаат подобар биланс во меѓусебните пресметки, споменот на Македонија и денес знае да им предизвика непријатност на „островјаните“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во доцните 90-ти години, двете селекции водеа интересни и често драматични битки. Во четири натпревари, Ирска запиша две победи, Македонија една, а еден дуел заврши без победник. Сепак, токму тие „непланирани“ киксови против нашата репрезентација оставија длабока трага кај Ирците.

Најсветол момент за Македонија беше триумфот од 3-2 во Скопје на 2 април 1997 година. Митко Стојковски беше прецизен двапати од белата точка, а натпреварот го заокружи младиот Ѓорѓи Христов со атрактивен погодок и уште поемотивна прослава. Иако тој пораз не се покажа пресуден во битката за пласман на Мундијалот 1998 – Ирска сепак заврши далеку зад Романија и избори бараж – јасно беше дека Македонија знае да биде „тврд орев“.

Но, вистинскиот удар следеше две години подоцна. На 9 октомври 1999 година, во Скопје се одигра меч кој Ирците долго го паметат. Со победа, тие ќе обезбедеа директен билет за Европското првенство 2000. Во исто време, нивните конкуренти Хрватска и СР Југославија ремизираа во Загреб, резултат што одеше во прилог на Ирска.

Сепак, сценариото се урна во самиот финиш. Горан Ставревски во судиското продолжение погоди со глава за 1-1 и ги шокираше гостите. Бод што за Македонија немаше резултатско значење, но за Ирска значеше вистинска катастрофа.

Разочарувањето не заврши тука – во баражот со Турција, Ирците беа елиминирани поради правилото за гол на гости (1-1 вкупно), што дополнително ја засили горчината. Така, Македонија остана запаметена како репрезентација која знаела да им ги расипе најголемите соништа во клучни моменти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ направи неочекуван потег, Павловиќ без вина завршил на трансфер листа

Росонерите до пред само еден месец беа во битка за титулата во Италија со Интер, но потоа …