Дома Фудбал Левандовски на раскрсница: Да направи чекор кон пензија или „топот“ уште функционира?

Левандовски на раскрсница: Да направи чекор кон пензија или „топот“ уште функционира?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски за неколку месеци останува без договор со Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Постои можност тој да остане во Каталонија и покрај неговите години и да го продолжи договорот за уште една сезона. Во клубот се внимателни бидејќи се сомневаат дали ќе може да ја одржи својата форма, како и здравјето и следната сезона, така што сé уште сé е отворено.

Всушност, Полјакот не е мал трошок за Барселона бидејќи годишно заработува 26.000.000 евра бруто, со бонуси, па новиот договор би вклучувал намалување на неговите примања. Тоа е нешто за кое тој е свесен и нема да добие приближна нето сума во кој било друг европски клуб.

Жоан Лапорта неодамна призна дека Левандовски има понуди од Саудиска Арабија и дека се работи за големи бројки, но тој засега размислува на поинаков начин. Слично е и со случајот во МЛС лигата. Тие два шампионати се послаби по квалитет од шпанскиот и водат кон пензија, што во овој момент тој не го разгледува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатни детали: Никој во Германија не сакал да го шутира последниот пенал! (Видео)

Џонатан Тах стана трагичар на Германија откако промаши клучен пенал во натпреварот против …