Дома Фудбал Легенда на Премиер лигата бара суспензии за фудбалерите на Арсенал: Казнете ги!

Легенда на Премиер лигата бара суспензии за фудбалерите на Арсенал: Казнете ги!

Поранешниот англиски репрезентативец Габриел Агбонлахор го предложи воведувањето на ново правило, кое би донело сериозни проблеми за Арсенал при формирањето на тимот.

Дури 10 ѕвезди на Арсенал се повлекоа од националните тимови за време на оваа репрезентативна пауза, а последниот меѓу нив е шпанскиот играч за врска Мартин Зубименди заради “неудобност во десното колено”.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со оглед на тоа што „топџиите“ сè уште се во борба за три трофеи, многумина претпоставуваат дека масовното повлекување на играчите од репрезентациите е дел од стратегијата на клубот за да ги зачуваат за клучните натпревари во сезоната.

Токму поради ова, легендарниот играч на Астон Вила призна дека и самиот би можел да има повеќе од три настапи доколку не се повлекол од репрезентацијата, а во разговор за “Talksport” предложи да се воведат казни во Премиер лигата за оние кои се решат на таков потег во полза на нивните клубови.

Сите за време на викендот зборуваа „Бен Вајт заслужи освиркувања кога влезе во игра“. Па, тој е единствениот играч на Арсенал кој се уште е со репрезентацијата на Англија! За Мадуеке нема проблеми, тој беше повреден против Уругвај, имаше прилично остар старт. Ги гледам играчите како Тимбер, Езе, Одегард… сите се повлекоа бидејќи не играа против Манчестер сити. Со тие четворица немам проблем, вели Габи Агбонлахор

Но, Инкапије, Сака, Рајс, Габриел, Салиба, Тросар, Зубименди – сите тие немаа никакви проблеми против Манчестер сити. Едноставно, мислам дека тоа не е во ред. Кога би бил дел од Премиер лигата и би носел одлуки, би вовел ново правило: пропушташ наредниот достапен натпревар во Премиер лигата ако се повлечеш од репрезентативна должност! Ви кажувам, играчите би престанале да се повлекуваат. Играњето за својата земја е чест. Ако јас би бил Хари Кејн, би го изнел ова на виделина и рекол „Ајде, момци, да не се враќаме на тоа што го правевме пред четири или пет години, кога фудбалерите константно се повлекуваа“. Разбирам, Артета прави сè што е можно за да освои трофеи. Следниот натпревар по репрезентативната пауза им е натпреварот од ФА Купот против Саутемптон. Едноставно не ми се допаѓа кога играчите се повлекуваат од репрезентативна должност. Чест е да се игра за својата земја. Нешто не ми штима со тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но Македонија двапати ја спречила да игра на големи натпреварувања!

Иако традицијата вели дека Ирците имаат подобар биланс во меѓусебните пресметки, споменот …