Дома Фудбал ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА 30 МИЛИОНИ: Расфорд летово го засилува гигантот од Серија А?!

ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА 30 МИЛИОНИ: Расфорд летово го засилува гигантот од Серија А?!

По повредата на Рафиња, сета каталанска јавност е насочена кон Маркус Расфорд.

Англискиот интернационалец ќе има можност да докаже и покаже дека заслужува да остане во Барселона.

Каталонскиот тим и Манчестер Јунајтед постигнаа договор, трансферот би изнесувал 30 милиони евра, но постои проблем кој може да го “протера” Расфорд во Серија А, или дури во Лига 1.

Имено, Барселона мора да остане во рамките на финансискиот фер-плеј на Ла Лига, ако тоа не се случи, или ако Расфорд до крајот на сезоната не ги исполни очекувањата на управата, за неговиот потпис во ред се Милан и ПСЖ.

Росонерите се подготвени да издвојат 30 милиони евра, исто како и “светците”.

Расфорд оваа сезона на 39 натпревари постигнал 10 голови и забележал 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седум училишта на ист терен: инклузијата доби фудбалска форма

Ученици со различни развојни потреби играа заедно на ревијален фудбалски настан во организ…