Дома Фудбал Бастони во Барса, 2 играчи на Каталонците на Меаца!

Бастони во Барса, 2 играчи на Каталонците на Меаца!

Веќе некое време постои интерес од Барселона за стоперот на Интер, Алесандро Бастони.

Се спомнува сума од 80 милиони евра, а како што пренесува Калчомеркато, “нероазурите” имаат “План Б”.

Имено, управата на Интер ѝ понудила на Барселона и размена.

Значи, Бастони би заминал на Камп Ноу, а на спротивната страна би дошле Дани Олмо и Феран Торес.

Колку е оваа понуда прифатлива за каталонскиот клуб останува да видиме.

Навивачите на клубот од стадионот Џузепе Меаца добро се сеќаваат на сезоната 2009/2010 кога Барселона ја засили Златан Ибрахимовиќ, а во спротивна насока замина Самуел Ето и пари. Интер ја освои “триплетата”, па сега навивачите на “нероазурите” се надеваат на сличен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…