Дома Фудбал Oлимпик Марсеј по две децении добива ново лого!

Oлимпик Марсеј по две децении добива ново лого!

Олимпик Марсеј ќе направи официјална промена на својот грб на 8 април, и тоа со значителни измени.

Клубот од Марсеј, кој постои од 1899 година, досега има изменет грбот дванаесет пати во својата историја.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тринаесеттата измена носи и драстична промена во бојата на клубот. Наместо сегашната светлосина, новиот грб ќе биде во темно сина боја.

Новото лого ќе има пооблезен облик од сегашното, кое е на сила од 2004 година, и ќе се доближува до дизајнот што клубот го користеше од 1935 до 1972 година.

Сепак, оригиналниот предлог за новиот грб предизвика остри реакции од навивачите.

Се зборуваше за бришење на ѕвездата, која го симболизира победувањето на Лигата на шампиони, и познатиот клубски слоган “Droit au but” (“Директно во гол”).

Ѕвездата првпат беше вклучена во грбот во 1996 година, додека славниот слоган се наоѓа на грбот од основањето, освен периодот од 1935 до 1981 година.

На крајот, под притисок од навивачите, беше одлучено новиот грб да го содржи и ѕвездата и слоганот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Душан Влаховиќ потпишува, но не за Јувентус?

Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србин…