Дома Фудбал Аморим се враќа на работа: Се посрамоти во Јунајтед, но сега добива работа од соништата!?

Аморим се враќа на работа: Се посрамоти во Јунајтед, но сега добива работа од соништата!?

Рубен Аморим повторно се најде во центарот на вниманието на европските медиуми откако во Англија беше виден во друштво на спортскиот директор на Манчестер Сити, Хуго Вијана, за време на партија падел.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако станува збор за неформална и приватна средба, британските медиуми веднаш покренаа нов бран на шпекулации. Аморим и Вијана се познаваат уште од заедничкото време во португалскиот фудбал, а нивното дружење во опуштена атмосфера брзо доби „друга димензија“ во јавноста, впрочем со оглед на сѐ почестите гласини кои го поврзуваат португалскиот тренер со најголемите европски клубови.

Сепак, од извори блиски до ситуацијата нема никакви информации за официјални разговори или преговори. Се се сведува на пријателска средба и спортска рекреација.

Сепак, поради репутацијата на Аморим како еден од најбараните млади тренери во Европа, секоја негова појава во друштво на високи фудбалски оперативци веднаш предизвикува лавина шпекулации за можните идни ангажмани.

Некои ќе речат ништо, но новинарите на Островот веруваат дека ова на некој начин е сигнал дека Аморим би можел од летото да биде на клупата на Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски почна со новата работа: Критикувајте ме мене, немојте играчите и федерацијата!

Игор Ангеловски и официјално беше промовиран како нов селектор на Таџикистан, репрезентаци…