Дома Фудбал Лукаку ги прекршил тимските наредби, Наполи подготвува казна?

Лукаку ги прекршил тимските наредби, Наполи подготвува казна?

Искусниот голгетер Ромелу Лукаку, кој поради недоволната физичка подготвеност, нема да биде дел од репрезентацијата на Белгија во претстојните пријателски натпревари против САД и Мексико, одлучи да остане во татковината, ризикувајќи казна бидејќи не доби согласност од клубот за тоа.

Стрелецот на дури 89 голови на 124 натпревари за тимот на „црвените ѓаволи“ последниот натпревар за репрезентацијата го одигра уште на почетокот од јуни минатата година против Велс на стартот од квалификациите за Светското првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


До крајот на квалификациите не беше во тимот поради повреда на задната ложа од која во меѓувреме се опорави, но не успеа да ја врати претходната форма.

И покрај сè, беше на списокот на селекторот Гарсија за претстојните пријателски натпревари во рамките на подготовките за Светското првенство, но беше очигледно дека кондицијата на неговото тело не е на задоволително ниво.

Се очекуваше денес да се врати на тренинзи во Наполи пред продолжението на клупската сезона, меѓутоа Лукаку самоволно одлучи да остане во Белгија, што може да предизвика негативна реакција од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…