Дома Фудбал Рома и Евертон заедно во Лига Европа нема да можат!

Рома и Евертон заедно во Лига Европа нема да можат!

Ако и Рома и Евертон се квалификуваат за Лига Европа, што не е невозможно сценарио, овие два клуба ќе треба да се договорат кој од нив ќе учествува, а кој не.

Токму така.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Откако УЕФА реши да стави крај на бизнисмените кои поседуваат повеќе фудбалски клубови во Европа и забрани клубови со исто сопствеништво да настапуваат во исто првенство, многу лесно може да се случи Рома и Евертон да мораат да играат „пар-непар“.

Американскиот бизнисмен Ден Фридкин е мнозински сопственик на двата клуба и ќе биде во тешка ситуација ако мора на навивачите на еден од клубовите да им објасни дека токму тие ќе учествуваат во Лигата на конференции.

Рома моментално се наоѓа на шестото место и се бори за место во Лига на шампиони, додека Евертон е осми и се наоѓа во зона за Лига на конференции, но со амбиција да се пласира во Лига Европа.

УЕФА во 2024 година направи преседан кога дозволи Жирона да игра во Лигата на шампиони, иако мнозински припаѓа на компанијата „City Football Group“, која го поседува и Манчестер Сити, Мелбурн Сити, Њујорк Сити, Монтевидео Сити, Троа, Ломел, Шенжен, Јокохаму, Палермо, Баија и Жирона.

Компанијата тогаш привремено ја префрли сопственоста на независни доверителски компании, за да го намали својот удел во клубот под 50 проценти, па УЕФА направи исклучок за каталонците, но потоа се одлучи да стави крај на слични случаи.

Римскиот весник „La Repubblica“ известува дека принципот е дека еден тим мора да оди во пониска лига, со тоа што под Лига на конференции нема пониска лига, па би било интересно да се види како некој „двојствен“ сопственик би се справил со таа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос откри голема тајна: “Ќе ја освоиме Лигата на шампиони, а Перез наутро ни вели дека…”

Германската легенда Тони Крос сподели некои посебни спомени од времето што го поминал во Р…